Водата носеше сѐ пред себе во Анкара
Силни врнеши и невреме предизвикаа голема штета во главниот турски град Анкара, особено во предградието Мамак.
Надојдената вода однесе повеќе од стотина автомобили, а во поплавите се повредени неколку лица, јавува агенцијата Доган. На снимките се гледа дека водата со себе однела и цели делови од улиците. Жителите и локалните власти почнаа со операции за расчиствување.
Метеоролошкиот институт во Анкара за претстојните денови најави продолжување на обилните врнежи и ново силно невреме, кое може да предизвика поплави и во Истанбул и во крајбрежниот град Измир.
https://youtu.be/u4mEKs-cMjg