Состојбата на легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон останува „тешка“ по операцијата на мозокот во саботата вечер.
Поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ беше итно примен во болницата во Макелсфилд, а неколку часа подоцна беше подложен на итна хируршка интервенција. Подоцна е префрлен во друг медицински објект – Кралската болница Салфорд .
Ниту од „Олд Трафорд“, ниту од болницата во која тој беше сместен, не даваат нови информации за состојбата на Фергусон. Последните вести беа во саботата вечер, кога Јунајтед напиша дека „операцијата е успешна и тој останува во одделот за интензивна нега“.
Неговата сопруга, Кети и неговиот син Дарен, кој е и фудбалски менаџер, се до Фергусон во болницата.
Клубот вчера му се заблагодари на фудбалскиот свет за поддршката и пораките по непријатната вест за Сер Алекс.