Отпочнато крпење и санирање на ударни дупки во општина Бутел
Според информациите од Општина Бутел, од денеска отпочнува крпење и санирање на ударните места на ул. Бутелска, кои се последица на сообраќајниот метеж на возила, бидејќи освен градежните работи на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, истовремено за сообраќај е затворена и улицата „Цетињска“. Во наредните денови општината продолжува со пополнување и на другите ударни дупки ширум сообраќајниците во општината изјавија од одделението за јавност.