Како да препознаете дали имате мигрена или обична главоболка?

Дали понекогаш имате неподносливи главоболки кои не знаете дали да ги третирате како обична главоболка или мигрена? Од ваша корист би било да научите како да ги разликувате овие две главоболки за да знаете на каква терапија треба да се препуштите.

 

Некои главоболки ви создаваат болки во страната на главата, додека пак некои се прошитуваат и до мускулите на вратот и рамената. Кога ќе научите да ги разликувате овие болки, тогаш полесно ќе ги третирате и отстраните.

Синусните главоболки се најлесни од сите и нив ќе ги почувствувате како синусна инфекција. Ако се работи за синусна главоболка најголемата болка ќе ја чувствувате околу очите и челото, а носот ќе почне да ви тече. Најголема карактеристика на оваа главоболка е дека таа прави да почувствувате замор, посебно кога сте наведнати нанапред или кога лежите.

Тензичните главоболки се втората категорија и тие најчесто се епизодични. Проблемот кај нив е што не можете да знаете колку време ќе трае новата епизода. Некогаш таа трае само 30 минути и потоа си заминува, но некогаш знае да трае и по неколку недели. Обично таа почнува со тапа болка и притисок кај очите, за потоа болката да се префрли на рамената и вратот.

За разлика од сите претходни, мигрените се главоболки кои се многу интензивни и најчесто се случуваат во четири фази, иако не мора да значи дека ќе ги почувствувате сите четири фази. Првата фаза се нарекува „продом“ и таа се случува еден или два дена пред да се појави главоболката. Оваа фаза вклучува нагли промени на расположението, нагони за храна и вкочанетост на вратот. „Аура“ е втората фаза, која се случува непосредно пред или за време на мигрената, а се карактеризира со тоа што ќе почнете да гледате бели точки и ќе имате ослабнат вид. Третата фаза е самата главоболка и таа трае од 4 до 72 часа. Најчесто болките напаѓаат по двете страни на главата и доколку се работи за мигрена, ќе почувствувате дека ви се лоши и ќе ви пречи светлината. Последната фаза е наречена „пост-дром“ и таа се случува веднаш откако ќе престане главоболката. За време на тој период ќе се чувствувате збунети и ќе имате променливо расположение.

Треба да знаете
Последни објави