Учениците и вработените во ООУ Гоце Делчев во Љубанци, денеска го одбележаа патронатот на училиштето кое го носи името на овој македонски великан.
По тој повод во кругот на училиштето, учениците од различни генерации под менторство на своите наставници подготвија културно-уметничка програма, на која освен родители, наставници, присуствуваше и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.