Денеска, по повод одбележувањето на Денот на Европа, Секретаријатот за европски прашања ќе го организира традиционалниот Појадок со ЕУ.
На настанот се поканети да учествуваат амбасадорите на земјите членки на ЕУ и поранешните вицепремиери за европски прашања. Пред нив ќе се обратат заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.