Еден затвореник е тешко повреден во тепачка што се случила вчера во затворениот дел на Казнено поправната установа – Идризово.
Полицијата соопшти дека вчера во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Казнено поправната установа-Идризово во петтото крило (затворен дел), по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу осудениците С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата од Скопје.
Во тепачката М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за Максилофацијална хирургија.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.