Нова ТВ: Финансиска полиција влезе на Клиниките за хематологија и ревматологија
Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), објави НОВА ТВ.
Инспекторите ја истражуваат последната набавка на исклучително скапиот лек „Мабтера“ кој наводно бил донесен во земјава преку паралелен увоз.
„Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек. Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци“, потврдија за НОВА ТВ од Финансиската полиција.