Приведен дилер на хероин кај Петровец
Во вторникот околу 20.00 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, а по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на наплатната станица Петровец било сопрено патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М. (49) од Велес.
При преглед кај лицето било пронајдено едно полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја, за кое со вештачење било утврдено дека станува збор за наркотична дрога хероин со маса од 101,35 грама. Лицето било лишено од слобода и со него бил извршен разговор.
По целосно документирање на случајот, против Л.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.