Франција ја затрупа снег

Франција ја затрупа снег

Невреме проследено со грмежи и град погоди неколку земји ширум Европа во текот на викендот, а на југоистокот од Франција падна снег.

Силен дожд погоди делови од Германија, како и Италија, а во некои делови на Франција, со повисока надморска височина падна снег.

Снег падна на југоистокот, во областите Лозар, Ардеш и Горна Лоара. Во тие области на сила е портокалов метео-аларм, кој ќе остане на сила до вторник, наведува Метео Франс. Според зборовите на метеолозите снег и натаму ќе паѓа над 1.000 – 1200 метри надморска височина, а фотографии од снежната покрвка објавија многу корисници на социјалните мрежи.

Како што пишуваат француските медиуми, снежната покривка е видлива на некои мести кои се на 900 метри надморска височина.

 

 

Треба да знаете
Последни објави