Одбраната на премиерот Зоран Заев во завршните зборови за случајот „Поткуп“ побара да се издвојат доказите од посебните истражни мерки против него, зашто обвинителството за организиран криминал го преиначи обвинението.
Пресудата ќе биде соопштена во понеделник во 12 часот.
“Ќе ја почитувам секоја судска одлука, каква и да биде”, рече Заев по судењето.
Обвинотелката Валентина Бислимовска во завршните зборови на денешното рочиште за Поткуп рече дека од досега изведените докази и врз основа на сведочењето на Иван Николов, произлегува дека е неспорно дека ниту Николов дал пари, ниту Заев ги примил парите.
Затоа Обвинителството за организиран криминал претставувано од Бислимовска одлучи, кривичното дело примање поткуп да го преквалификува во кривично дело, каде што обвинетиот Заев побарал, а сведокот Николов само ветил само ќе му даде подарок на Заев.
За ова кривично дело е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.