Прочистете ја крвта со овие намирници

Доколку сакате да ја прочистите вашата крв и на некој начин да го подмладите своето тело потребно е само во вашата секојдневна исхрана да ги вклучите следните намирници…

Лук

Лукот е богат извор на сулфур, есенцијален минерал кој на организмот му помага да ги елиминира токсините. Тој го стимулира црниот дроб да произведува ензими за детоксикација кои ги филтрираат токсините од крвта.

Глуварче

Глуварчето содржи огромна количина на антиоксиданти и фитонутриенти кои ги елиминираат токсините од дигестивниот систем и слободните радикали. Чајот од листовите или коренот на глуварчето ја стимулираат функцијата на црниот дроб и панкреасот поради што тие ги извлекуваат токсините од крвта.

Јаболко

Витамините, минералите и влакната се само некои од „нештата“ кои ги содржи јаболкото. Одредени соединенија кои ги содржи јаболкото го стимулираат производството на жолчката и помагаат црниот дроб да ги исфрли токсините.

Цвекло

Поради антиоксидантите и другите корисни хранливи материи, цвеклото е одлично оружје за заштита на организмот од слободните радикали и за стимулација на црниот дроб за поголема елиминација на токсините од крвта.

Магдонос

Магдоност делува како диуретик кој им помага на бубрезите да ја работат својата работа и да го елиминираат вишокот токсини преку урината.

Морков

Морковите се богати со витамините (А, Б6, Ц и К), калиум и глутатион, протеин на чистење на црниот дроб. За подобар ефект при детоксикацијата, јадете ги свежи, бидејќи со готвењето се уништува глутатионот.

Босилек

Босилекот ги подржува бубрезите и црниот дроб во елиминацијата на наталожение токсини. Одличен е за дигестивниот систем и помага за побрзо и поголемо исфрлање на токсините од телото

Треба да знаете
Последни објави