На 15.05.2018 година во 13:26 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив била донесена В.К.(63) од село Кучевиште, скопско.
Таа била со нанесена тешка телесна повреда од сообраќајна незгода на Бит Пазар.
Во сообраќајката била удрена од мотор управуван од непознато лице, кое го напуштило местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.