Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Диего Армандо е новиот директор на фудбалскиот клуб Динамо Брест, соопшти белорускиот тим.
Марадона потпишал тригодишен договор со овој клуб, со желба да му помогне на Динамо да ја прекине 12-годишната доминација на БАТЕ Борисов во белоруското првенство.
57-годишниот Аргентинец ќе работи на развојот на клубот и ќе носи одлуки поврзани со трансферите и младинската школа.
Марадона, пред еден месец, доби отказ во второлигашот Фуџара од Обединетите Арапски Емирати.