„Мамо, во такси сум, доаѓам“: По оваа порака, девојка е пронајдена ѕверски убиена
18-годишната студентка Ангелина Литвињенко била пронајдена мртва со отсечени дланки во Сибир, откако влегла во автомобилот на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го пронашла на популарната апликација за споделување на превоз – “BlaBlaCar”.
Руската полиција објавила фотографија од сопственикот на возилото, 47-годишниот Н.В Лебедев, кој бил осуден за двојно убиство, но ослободен по 15 години минати во затвор.
Неговиот автомобил марка “Hyundai Solaris” бил пронајден во непосредна близина.
Лебедев во меѓувреме се јавил во полиција. Рекол дека не ја убил тинејџерката и дека ќе поднесе докази кои ќе му помогнат, јавиле медиумите. Меѓутоа, тој сега се наоѓа во бегство, и во Сибир во тек е голема потера.
Девојката влегла во неговиот автомобил во Абакан за да оди до селото Краснотуранск, оддалечено на 120 километри, каде живеат нејзините родители. На својата мајка и јавила дека е на пат, но никогаш не пристигнала дома.
Телото на тинејџерката без дланки било пронајдено на 13. мај, на околу два и пол километри од Краснотуранск, ден откако родителите го пријавиле нејзиното исчезнување.