Бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 % и изнесува 13 781 склучен брак.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу бракови, 1 771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.1 % за жените и 91.4 % за мажите.
Во втор брак со учество од 7.9 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Во 2017 година, најголем број бракови, 4 570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33.2 %, а за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5 222 бракови или 37.9 %.
Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.6 години за невестата и 29.3 години за младоженецот.
Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во споредба со 2016 година и изнесува 1 994 разведени бракови.
Најмалку бракови, 42 или 2.1 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 224 или 11.2 %, во месец декември.
Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи, 387 или 19.4% се случиле во старосната група од 30 до 34 години, за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.