„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Името Илинденска Македонија му го предложил Зоран Заев на Алексис Ципрас на последната нивна средба во Софија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример, Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот, пренесе Макфакс.