Подгответе се за летото со овие 8 совети за убавина
Летото наближува, а тоа значи костими за капење, кратки здолништа и блузи со кратки ракави. Во текот на зимата речиси секој јаде повеќе и ја прескокнува рутината за вежбање. Британските научници дури откриле и дека дебелеењето во текот на зимата е дел од нашиот инстинкт за преживување кој сме го наследиле од предците. Овие 8 совети ќе ви помогнат да се вратите во совршена форма до почетокот на летото.
1. Лице
Кожата на лицето е најранлива во зима бидејќи е под влијание на мраз, ветар и промени на температурата. Па, пред да дојде лето, почнете да се грижите за вашата кожа. Заборавете на пилингот и сите груби процедури кои можат да ѝ наштетат на и онака истрошената кожа. Наместо тоа користете домашно направени лосиони за чистење на лицето. За мрсна кожа користете пченкарно брашно, рузмарин и магдонос. Ако имате сува кожа, најдобра е камилицата.
2. Кожа на телото
Ниските температури и греењето во домовите ја прават кожата сува и дехидрирана. Секогаш навлажнувајте ја кожата со лосион за да изгледа здраво и мазно. Ако немате омилен лосион, кокосовото масло е одличен избор.
3. Препони
Најлесниот начин да се ослободите од влакненцата во овој предел е бричењето. За жал, тоа може да предизвика чешање. Друга опција е депилацијата која можете да ја правите на секои 1 до 2 месеци. За да ги избегнете сраснатите влакна, правете пилинг барем 2 пати неделно. Исто така користете и лосион за да ја одржите влажноста на кожата.
4. Пазуви
Ако сакате вашите пазуви да изгледаат посветло, како и да го намалите растот на влакната, можете да го пробате овој домашен крем.
Потребни состојки:
- 2 лажички куркума
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 лажички мед
- Сок од половина лимон
Измешајте ги состојките и направете густа паста. Пред да го нанесете кремот добро исчистете ги пазувите. Откако ќе го нанесете, оставете да делува 20 минути и исплакнете.
5. Рамен стомак
Рамниот стомак е клучен за да изгледате добро во бикини, па може да му обрнете повеќе внимание додека вежбате. Една од најефективните вежби е стомачни со топка. Легнете на грб со исправени нозе и ставете ги рацете над главата. Започнете држејќи ја топката над главата. Потоа држете ја над градите и фатете ја со нозете. Ставете ја топката помеѓу глуждовите и вратете ги нозете назад на подот. Повторете ја вежбата 10 до 12 пати. Обидете се грбот да ви биде на подот.
6. Странични стомачни
За да се ослободите од маснотиите од страната на стомакот, пробајте ги овие едноставни вежби.
- Легнете на грб со кренати раце. Кренете ги нозете и свиткајте ги под агол од 90 степени. Бавно поставете ја левата рака зад главата и истовремено исправете ја левата нога без да го допрете подот. Вратете се во почетната позиција и повторете од другата страна. Направете по 10 повторувања на секоја страна.
- Легнете на грб. Свиткајте ги нозете и доближете ги колената до градите, а рацете ставете ги зад глава. Притиснете го левото колено до градите додека ја исправате десната нога паралелно со подот. Свртете го десното рамено кон коленото. Доближете ги коленото и раменото 2 пати и вратете се во почетната позиција. Повторете по 20 пати на секоја страна.
7. Задник
Мускулите на задникот се најголемата мускулна група. Вежбите за овие мускули не само што ќе направат вашиот задник да изгледа неверојатно, туку ќе ви помогнат и побрзо да ослабете. Чучнувањата се едноставна и ефективна вежба. Исто добра вежба за задник е и мост со една нога.
8. Исхрана
Покрај вежбањето, важна е и здравата исхрана. Обидете се секој ден да пиете многу вода. Зголемете го внесувањето на природни диуретици како краставици, лимон и зелен чај. Намалете го внесувањето на преработени јаглехидрати како леб и тестенини. Исто така избегнувајте алкохол секогаш кога можете бидејќи алкохолните пијалаци имаат многу калории.
Запомнете дека секоја личност има несигурности и никој не е совршен. Фокусирајте се на она што го имате и ценете го вашето тело. Прифатете се физички и ментално и престанете да се фокусирате на недостатоците.