Шест митови за храната во кои луѓето и понатаму веруваат

Некои бизарни митови за храната се уште се актуелни и постојат голем број на луѓе кои и понатаму веруваат во нив.

 

Овие шест митови за храната се далеку од вистината:

1. Голтната гума за џвакање

Ако голтнете гума за џвакање немојте да паничите. Многу луѓе сметаат дека за една голтната гума за џвакање да излезе од телото се потребни седум дена. Докторите од универзитетот за медицина Дјук велат дека тоа не е вистина.

„Нашиот систем за варење е силен, нема никаков проблем при варењето на секаков вид на храна. Не постои одреден временски период потребен за организмот да ја свари гумата за џвакање, бидејќи системот за варење е различен кај секоја личност”.

2. Храна после 20 часот  

Постои мит дека ако прекинете да јадете храна после 20 часот ќе загубите килограми. Јадењето доцна навечер е проблематично ако јадете големи количини на калорична храна. Сепак, оброците после 20 часот не се поврзани со губење на килограми, ако и во остатокот на денот внимаваме што јадеме или вежбаме.

3. Јајцата се лоши

Според најновите истражувања, нивото на холестерол во храната е на значително пониско ниво во однос на тоа што од порано се сметаше. Иако претерувањето може да доведе до зголемен холестерол, сепак со консумација на четири јајца неделно нема да се зголеми ризикот од болести на срцето.

4. Морковите го подобруваат видот

Точно е дека морковите содржат витамин А кој е добар за видот, но тоа не значи дека ќе добиете моќ која ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со вашиот вид.

5. Правило од три секунди

Многу луѓе веруваат дека храната која паднала на под и понатаму е сигурна за консумација ако се изеде во рок од три секунди. Ова едноставно не е вистина, бидејќи ризикувате да се заразите со разни бактерии од подот.

6. Јаболката ги чисти забите

Во митот дека јаболката ги чисти забите има и помалку вистина, но немојте да мислите дека е доволно да се јаде јаболка наместо да се мијат забите со четка и паста за заби или конец.

Треба да знаете
Последни објави