Поповски вознемирен, не сака да ја слушне утрешната пресудата за „Тенк“
Адвокатот на осудениот Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков, изјави денеска пред судот дека неговиот клиент е загрижен за утрешното изрекување на пресудата во случајот за набавката на луксузниот мерцедес каде исто така е еден од обвинетите. Според Зиков, тој побарал да не присуствува во судот.
Со оглед на денешната пресуда мислам дека беше сериозно загрижен и за утрешното читање на пресудата. Тој дури побара од мене да кажам дека утре не би сакал да присуствува при изрекување на пресудата – рече адвокатот.
Тој додаде дека ќе поднесе жалба за изречениот притвор за Поповски, но дека не очекува ефект од тоа.
Не сум задоволен од пресудата, како од тоа дека е огласен за виновен, а особено до висината на казната. Да се даде девет години за кривично дело сторено поред десет години во јавна набавка за која сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, сметам дека е работа која не треба да се коментира. Ќе се обидам да се воздржам, тоа го бараше и Ѓоко од мене. Продолжуваме да се бориме со поднесување жалба до повисокиот суд – додаде тој.