Денеска, 23 мај (среда), со почеток во 10:15 часот заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, а во присуство и на евроамбасадорот Самуел Жбогар, ќе учествуваат на промоцијата на 10-те реновирани железничките станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д.
Како дел од пошироката промотивна кампања за промоција на инвестициите на Европската Унија во Македонија, тие најпрво ќе извршат увид на реновираната железничка станица во Велес, по што симболично ќе отпатуваат со воз до железничката станица Чашка, која исто така е реновирана со овој проект.