Федералниот национален Фудбалски сојуз на Италија ги обвини Пепе Реина, Паоло Канаваро и Салваторе Ароника, за одржување на „несоодветни односи“ со познатата локална мафијашка организација во Италија – Камора.
Реина, Канаваро и Арноика се осоминичени дека соработувале со лидерите на Камора и осудуваните кримиланци, Габриел, Франческо и Џузепе Еспозито, а за истата работа обвинети се и италијанските клубови Наполи, Сасуоло и Палермо.
За потсетување, Реина прво во сезоната 2013/14 беше на позајмица во Наполи, па се врати во 2015 година и ова лето ќе го напушти клубот, бидејќи од порано договори трансфер во Милан.
Помладиот брат на многу попознатиот Фабио Канаваро е дете на Наполи, каде настапуваше од 2006 до 2014 година, а потоа отиде во Сасуоло.
Кариерата ја заврши во Кина, каде е помошник на Фабио, кој е прв тренер на екипата.
Третиот обвинет во случајот, Ароника, помина пет години во Наполи, од 2008 до 2013 година, а потоа играше една сезона во Палермо.