Организаторите на Светското фудбалско првенство ги одбраа американскиот актер Вил Смит, латино пејачот Ники Џем и косовската пејачка Ера Истрефи да ја отпеат официјалната химна на фудбалското првенства во Русија.
Химната ќе биде објавена на 25 мај, а продуцент на композицијата е американскиот Ди-Џеј Дипло. Светско првенство во Москва ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули годинава.
Тројцата изведувачи се познати пред се во рап музиката.
Иако најдобро познат како актер, Вил Смит имаше и неколку хит песни како Boom! Shake the Room и Луѓе во Црно. Ники Џем е еден од водечките јужноамерикански музичари, додека Ера својата популарност таа ја стекна во 2016 година со песната „Бонбон”.