Сите знаеме дека зеленчукот е здрав, но колку здравите состојки остануваат во него зависи и од тоа на кој начин се подоготвува.
Лошо е да го пржите, и тоа веќе го знаеме, но се испостави дека не е добро ниту да го варите – така тврдат нутриционистите.
Со готвењето се уништуваат дури 50 проценти од нутриентите кои се наоѓаат во зелечнук.
Одреден зеленчук, главно оној кој содржи витамини кои се раствораат во вода, не би требало да го готвите. Во тој зеленчук спаѓаат зелката, спанаќот, кељот, брокулата, гравот и грашокот.
Причината за тоа е што содржат витамини кои се раствораат во вода, а кога се варат, губат речиси половина од хранливите нутриенти.
Бидејќи пржењето не е добар начин за подготовка на зеленчукот, нутриционистите предлагаат барем да не го варите предолго.
„Минимално варете го овој зеленчук, во мала количина на вода, на пониски температури, со цел да останат повеќе хранливи нутриенти”.
Сепак е најдобро зеленчукот да го готвите на пареа или да го испечете на скара без масло. Ако морате да го варите, тогаш водата од варењето во која се задржани нутриентите, искористете ја за подготовка на супа.