Доколку мислите дека водите доволно добра грижа за вашата кожа, а акните и понатаму ви претставуваат проблем, тогаш можеби „виновникот“ ќе го најдете во некоја од вашите секојдневни навики.
Најчесто, појавувањето на акни е предизвикано од некоја јасна и конкретна причина. Било да е тоа нешто што можете да го контролирате или не, најдоброто што можете да направите е да го намалите влијанието на „виновникот“, со цел да ја имате поубава и поздрава кожа.
Мобилен телефон
Сигурни сме дека го користите мобилниот телефон секојдневно, но дали знаете дека тој на себе има повеќе бактерии од сите останати работи кои ги носиме со себе. Константното допирање на телефонот до лицето остава бактерии на кожата, што потоа предизвикува акни. За да го избегнете тоа, чистете го екранот на телефонот со антибактериско средство или пак користете слушалки.
Четки за шминка
Жени, ова се однесува посебно до вас. Четките за шминка кои ги користите треба редовно да се чистат. Дури иако ја искористите четката само еднаш, таа сепак содржи бактерии и нечистотии.
Производи за коса
Без разлика дали се работи за шампони, маски или спреј за коса, производот најчесто завршува на кожата, а таа се иритира и се појавуваат акни. Така што, кога во иднина ќе нанесувате производи на вашата коса, добро заштитете ги лицето и вратот.
Раце
Често допирање на лицето со рацете може да предизвика акни. Колку и да мислите дека водите добра хигиена на вашите раце, сепак на нив постојано има бактерии кои со сигурност не треба да завршат на вашето лице.
Постелнина
Ако сте мрзеливи и ретко ја менувате постелнината, посебно навлаката за перница, тогаш го зголемувате ризикот од појавување на акни. Навлаките задржуваат пот, нечистотија и мрснотии, а тие во текот на спиењето завршуваат на вашето лице.