Леси откри 6,5 кг хероин уапсени македонски државјани во Грција

Леси откри 6,5 кг хероин уапсени македонски државјани во Грција 

Македонски државјани на возраст од 41 и 48 години се уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица, откако е пронајдена дрога во нивниот автомобил. Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче „Леси“. Според грчката крајбрежна служба, тие се обиделе да прошверцуваат шест килограми и 560 грама хероин, спакуван во 13 пакети и скриен во шасијата на автомобилот.

Според тамошните медиуми, уапсените веројатно сакале да се качат на траект за Италија. Дрогата е запленета, како и патничкиот автомобил во кој е откриена. Ова е трет случај, за помалку од четири дена, кучето со име „Леси“ на грчката полиција да открие шверцери на дрога на пристаништето Игуменица во северозападниот дел на Грција.

Треба да знаете
Последни објави