Експлодираше камион со парфеми на автопатот Загреб – Белград
Силна експлозија одекна попладнево на автопатот Белград-Загреб, кај месноста Пеќинац, по што запре сообраќајот и се создаде километарска колона, јавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, се запалил камион кој превезувал парфеми, а се движел по коловозната лента во правец на Белград.
За сега не се знае што го предизвикало запалувањето на камионот. Сроските медиуми јавуваат дека возачот не е повреден и успеал да го напушти камионот пред огнот сосема да го уништи.
Двете ленти на автопатот, по час и половина прекин, повторно се пуштени во двата правци и километарската колона почна полека да се движи.
Според зборовите на очевидци, по почетната силна експлозија, се слушнале уште неколку послаби.