Танец заглави на Табановце – цариниците откриле скриени цигари, вино и мастика?!

Танец заглави на Табановце – цариниците откриле скриени цигари, вино и мастика?!

Српските цариници вечерва во автобус со кој се превезувале играорци од нашиот национален ансамбал Танец на пат за настапи во Хрватска Словенија и Австрија, при претрес пронашле голема количина на шишиња со вино и ракија и многу штеки со цигари, јавуваат за Либертас очевидци од граничниот премин.

ВД директорот на Танец, Стојанче Павловски, и другите играорци и возачите добиле наредба да го напуштат автобусот, а цариниците го однеле на скенер за да проверат да не има уште сокриена стока.

 


Претходно сите биле детално претресувани и од автобусот им била извадена целата облека, и приватната и онаа за настап.

Цариниците им рекле, тврди нашиот извор, дека претресот и проверката на автобусот на скенер ќе трае најверојатно до доцна ноќва.

Дека Павловски не е дораснат на функцијата која ја извршува, посочи ВМРО ДПМНЕ уште во времето на неговото назначување.

Павловски е човек со завршено средно градежно образование, кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски. Неговото именување покажува колкав е интересот на СДС и Алаѓозовски за македоноската култура и оваа државна институција која е најголем репрезент на Република Македонија во странство.

Треба да знаете
Последни објави