Немањето сопствен телефонски код го чини Косово милиони евра
Користењето на телефонскиот код на Монако (+377) во изминатите 18 години од прогласувањето на независноста на Косово, го чинело косовскиот Телеком над 200 милиони евра
Но, и покрај тоа што му е доделен сопствен државен префикс (+383) пред повеќе од една година, косовскиот Телеком се уште не ги исполнил целосно своите обврски за негова потполна имплементација, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како последица на тоа, јавното претпријатие кое се наоѓа пред стечај, ќе продолжи да му плаќа милиони евра на „Монако Телеком“ уште најмалку пет месеци, пишува денешен „Коха Диторе“.
Минатата недела, Бордот на Регулаторната администрација за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) одлучи датумот предвиден за завршување на целосниот трансфер на новиот код, да го помести од 1 јуни, како што беше претходно планирано, на 31 октомври годинава.
Во одлукта на Бордот се вели дека операторите се соочуваат со неколку предизвици при преминувањето на новиот код, а тоа посебно важи за Телекомот, поради тешката финансиска положба во која се наоѓа во моментов.