„Неисполнетите ветувања доведоа до неповратна одлука. Почнува аукцијата“. Ова го пишува на насловната страна на денешното издание на португалски весник . Тие сметаат дека Роналдо конечно ќе си замине од Реал Мадрид, по долги години исполнети со шпекулации.
Според весникот причината за заминувањето на Роналдо лежи во раководството на клубот, односно во нивните лажни ветувања.
Имено, од клубот на Кристијано Роналдо му било ветено дека неговата плата ќе биде зголемена од 21 милион годишно на 30 милиони годишно. И покрај трите освоени титули во Лигата на шампионите по ред, а 4 вкупно, неговата плата остана иста, па тој го гледа тоа како непочит од страна на клубот и конечно е решен да си замине.
Да потсетиме, Роналдо во моментов е под договор со Реал Мадрид до 2021 година, а тој договор беше потпишан во летото 2016 година. Но, по новите договори кои ги потпишаа Нејмар и Меси, најголемите ривали на Роналдо, тој очекуваше дека ќе добие далеку поголема плата од „кралскиот клуб“.
Тој даде знаци дека можеби ќе си замине од клубот уште веднаш по крајот на овогодинешното финале од ЛШ, кога имаше неколку шифрирани изјави. Зачудувачки за него, на неговото лице скоро да не можеше да се забележи радост, нешто што обично го искажуваше по секоја титула.
„Беше многу убаво да се игра за Реал Мадрид. Верувајте дека ништо нема да кријам, нема да лажам туку во наредниот период ќе ви ја кажам мојата конечна одлука“, изјави Роналдо веднаш по финалето.
Record го заврши делот за Кристијано Роналдо со јасна порака до фановите на Реал Мадрид, но и на сите оние клубови кои би можеле да си го дозволат Португалецот.
„Во овој момент, одлуката е неотповиклива: Роналдо си заминува од Реал Мадрид. Сега аукцијата е отворена. Оние кои го посакуваат најдобриот фудбалер во светот имаат зелено светло за преговори“, пишуваше на крајот на текстот.