Владата соопшти дека целосно ја разбира сензитивноста во текстилниот кластер и, како и до сега, ќе продолжи да им помага на работодавачите да ја поддржат спиралата на покачувањето на платите.
„Во интерес на изнаоѓање решение кое ќе биде во корист на работниците и на работодавачите, Владата ќе оформи министерска група која заедно со текстилниот кластер ќе ги разгледа отворените прашања. Веруваме дека ќе дојдеме до решенија.
Владата и до сега покажа дека е подготвена да излегува во пресрет на барањата на работниците и работодавците во текстилната индустрија, преку покачувањето на минималната плата и преку овозможувањето на активните мерки за директна помош и поддршка за компаниите, со цел да се обезбедат повисоки плати. Една од тие мерки е и проектот за поддршка на порастот на платите во трудоинтензивните дејности, во износ од 30% од порастот за оние работодавачи кои ги покачиле платите до 18.000 денари“ се вели во соопштението од Владата.
Текстилниот кластер најави отпуштања на илјадници работници поради минималната плата.