Французин по втор пат во две години добил премија од еден милион евра на лото
Маж од јужна Франција по втор пат во две годни извлекол премија на лото од еден милион евра, а експертите велат дека шансите ова да се случи е еден према 16 милијарди. Добитникот, чие име не е објавено, првиот милион го освоил во ноември 2016 година и продолжил секоја недела да игра лото, пренесува Би-Би-Си.
Во мај на лотаријата „Мој милион“ го добил вториот милион. Се работи за помало извлекување на лотарија „Евромилиони“.
Продавачот, кој му го продал ливчето рекол дека човекот ја примил веста без изненадување и додал: „Најверојатно се навикнал да добива“.
Двојниот добитник планира да продолжи да игра, бидејќи верува во старата изрека: „Трета среќа“.