Син го избодел таткото во Тетовско
На 07.06.2018 година во 19.55 часот во СВР Тетово, од Клиничкиот центар Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Х. (51) од с.Лавце, кој бил повреден со остар предмет во пределот на левата страна од стомакот.
По негово кажување, тој бил повреден од неговиот син А.Х. во нивната семејна куќа.
Поради сериозноста на повредите, Р.Х. како итен случај бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.