Две лица пријавени за исчезнати, по нив трага полицијата
Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во предпладневните часови на 02.06.2018 година од семејниот дом во непознат правец се оддалечил Р.Ч. (39) од Прилеп.
Истиот ден околу 11.00 часот, И.Д. (23) од с.Чегране, гостиварско, пријавил дека на 06.06.2018 околу 01.00 часот од дома се оддалечила неговата сопруга Џ.Д. (22).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.