Марсело изминатава вечер беше предодреден како играч кој ќе се соочи со домашните фанови во Барзил на официјална прес-конференција, а за време на обраќањето, феноменалниот лев бек не можеше да избегне ниту една од најактуелните и помалку комплицирани теми кои пристигнуваат од неговиот клуб.
Сите знаеме дека Кристијано Роналдо најави заминување од Реал Мадрид по крајот на големото финале во Лигата на шампионите, а од коментарот кој го даде Марсело, може да се заклучи дека и самиот фудбалери во Реал се свесни околу тоа кој го има главниот збор во клубот.
Марсело истакна дека мислењето на Кристијано Роналдо дефинитивно нема да се земе во предвид ако клубот сака да го купи Нејмар, бидејќи за такви работи се прашува само еден човек, а тоа е претседателот Флорентино Перез.
– Кристијано не е газда на Реал Мадрид, дефинитивно не е. Се знае кој е задолжен за големите работи. Никако не мора да значи дека се додека тој е во Реал, Нејмар нема шанси да пристигне. Сите играчи сакаме Роналдо да остане, но исто така вратите за Нејмар се широко отворени. Најдобрите играчи во светот мора да играат во Реал Мадрид и мислам дека еден ден Нејмар ќе заигра за Реал. Оној играч кој Флорентино ќе го посака, на крајот завршува во Реал, – истакна Марсело.