Објавени снимките од масакрот во Лас Вегас, сите панично трчаат да спасат жива глава
Полицијата првпат ги објави снимките од безбедносните камери од моментите кога се случи пукање на концерт во Лас Вегас по што луѓето почнаа да бегаат. Ова е најлош инцидент во модерната историја на САД, при што се убиени 58 лица, а ранети стотина.
Пукањето се случи на 1. октомври минатата година во текот на концерт на отворено во близина на хотелот Мандалеј Беј. Напаѓачот пукаше од 32. кат врз 22.000 луѓе кои се собраа на гестивалот Рут91 Харвест.
Масовниот убиец Стивен Падок пукаше рафално 10 минути. Новата снимка од безбедносните камери на врвот на хотелот. Полицијата таа ноќ прими 518 повици за помош, а на снимките сите врескаат, плачат, паничат и трчаат. И тие се објавени првпат.
„Испратете се. Пријателот ми е ранет во стомак. Стотина лежат на земја и крварат. Се борат за живот. Испратете се. Друго лице само што е погодено во нога. Ве молам побрзајте“, му вели маж на дежурниот оператор.
Материјалите се објавени 8 месеци по пукањето. Утврдено е дека Падок делувал сам и не е поврзан со меѓународен тероризам.
Конечниот извештај за овој случај ќе биде објавен во август. Падок пукаше од 8 различни оружја, а потоа изврши самоубиство.