Две момчиња избодени во Скопје на Бензиска Пумпа
Во угостителски објект лоциран на бензиската пумпа на булевар „Србија“, ноќеска околу 00:05 часот, поради претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир, помеѓу А.У.(31), А.Т.(29) и А.М.(28) сите од Скопје, од една страна и М.Б.(18) и 17-годишна девојка, двајцата од Скопје, од друга страна.
Во тој момент, М.Б. се јавил на лицата Е.Д.(21) од село Кондово и Р.И.(23) од село Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, пред бензиската пумпа, М.Б., Р.И. и Е.Д. го нападнале А.У. и А.Т., при што Р.И. со нож им нанел повреди.
Повредените лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
По нападот, напаѓачите со патничко моторно возило го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајна незгода со друго возило.
Во ПС Аеродром се приведени Р.И. и Е.Д. Се работи на расчистување на случајот.