Арбен Таравари: Ми се закануваа мене и на моето семејство
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на својот фејсбук профил објави дека добил закани по живот за него и неговото семејство.
– Во текот на вчерашниот ден јас и моето семејство добивме закани по живот од извесен Х.Ф. Ова лице е познато на народот по своето криминално досие. Но, амнестиран е од деструктивна албанска партија. Ова е еден од дветте лица кои пред неколку месеци влегоа во гостиварската гимназија и физички ги нападнаа двајцата професори на своето работно место, напиша градоначалникот на Гостивар.
Таравари вели дека случајот ќе биде пријавен пред органите на правдата и дека ќе бидат известени сите амбасади, институции и меѓународната политичка јавност.
– Ти не си само мој непријател, ти си непријател на цел Гостивар. Не сакав да ти посветам толку внимание, бидејќи ти си жртва на политичко-мафијашки феномен. Поединци како тебе се големи дожници на правдата и време е да си го платите тој долг, стои во објавата на Таравари на својот Фесјбук профил.