Граѓаните на Северна Кореја не знаат ништо за историскиот самит помеѓу Ким и Трамп

Целото светско внимание е свртено кон Сингапур и историскиот самит помеѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун. Па, логично е да се претпоставува дека и престолнината на Северна Кореја е возбудена поради настан со вакви димензии.

 

Веројатно и тоа би било случај, доколку во Пјонгјанг навистина би знаеле што всушност се случува во Сингапур, пренесуваат светските медиуми.

Имено, со малиот број на други извори за информирање покрај државните медиуми, поголемиот дел од граѓаните на Северна Кореја и понатаму не знаат што се случува во врска со тој важен – можеби и животно важен настан, кој треба да се одигра надвор од нивната изолирана земја.

Официјалните медиуми во Севера Кореја известија дека лидерите треба да се сретнат, но без многу детали, во кои дури не беше пренесена ниту иформацијата за локацијата на која ќе се одржи настанот, ниту пак датумот за истиот.

Во неделата се уште не беше официјално потврдено дека Ким веќе ја напуштил земјата и пристигнал во Сингапур. Наместо тоа, ударните вести во Северна Кореја звучеа потполно невообичаено, како што е на пример веста дека Ким посети ресторан со морска храна во Пјонгјанг.

 

Самитот помеѓу лидерите на САД и Северна Кореја би можел да има крупни и директни последици по нивните животи, па природно е луѓето да сакаат да бидат известени, меѓутоа, без силни и независни медиуми, точните информации се помалку извесни, додека претерувања и шпекулации веројатно има во изобилство.

Ако ја следат својата вообичаена рутина, тамошните државни медиуми веројатно ќе почекаат самитот да заврши, за дури потоа да го дадат својот прв извештај.

Така, на пример, веста дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети Северна Кореја можеше да се дознае дури следниот ден, на насловната страница на медиумот на владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави