Протеините се многу важни за здрава и балансирана исхрана. Меѓутоа, не секогаш сме сигурни дека сме ја внеле доволната количина на протеини во организмот.
Ако и сами се сомневате дека тоа не го правите во потребни количини, можеби не е лошо да знаете што укажува на недоволно внесување на протеини во организмот.
Зголемено чувство на глад
Ако и после оброк имате потреба за некоја храна, тоа е сосема нормално. Но, ако потребата за одредена храна е постојана и со поединечен оброк не го победувате чувството на глад, возможно е да не јадете доволно протеини. Протеините помагаат при регулација на шеќерот во крвта, тие ја забавуваат апсорпцијата на јаглехидрати и го намалуваат шеќерот.
Ако сте јаделе доволно протеини, ќе бидете подолго време сити и нема да ви се менува расположението.
Забавен метаболизам
Исхраната со малку протеини води до губење на мускулна маса, што за резултат дава бавен метаболизам. Потрошувачката на енергија во мирување се намалува, бидејќи таа е во директна врска со „количината“ на мускули која ја имаме.
Препорачаната дневна количина на протеини изнесува 0,8 грама по килограм телесна тежина, без да бидат земени во предвид физичките активности и внесувањето на калории.
Пад на концентрација
Фокусирањето и концентрацијата се послаби ако прескокнуваме протеини. Протеините создаваат хормони и ензими кои му овозможуваат на мозокот да функционира. Адекватната количина на протеини ја обезбедува аминокиселината тирозин, која ги подобрува невротрансмитерите и им овозможува да не одржат полни со енергија и поконцентрирани.
Раните побавно зараснуваат
Протеините помагаат при раст и заздравување на ткивата, заедно со микронутриентите, антиоксидансите и различни витамини. Протеините се посебно важни за кислородот и протокот на крв при зараснувањето на раните, па тоа може да биде проблем за оние кои земаат малку протеини. Недостатокот на протеини го зголемува ризикот од фрактура на коските.
Анемија
Анемија е состојба до која доаѓа кога во крвта нема доволно здрави црвени крвни зрнца кои пренесуваат кислород низ организмот. Постојат повеќе видови на анемија. Нејзин главен причинител е внесувањето на недоволна количина на протеини кои имаат многу железо и витамин Б12.
И луѓето кои внесуваат доволно протеини исто така можат да развијат анемија, ако не се хранат со вистинските видови на протеини. Веганите и сите кои ги избегнуваат протеините од животинско потекло имаат зголемен ризик од недостаток на витамин Б12, бидејќи тој се наоѓа само во животинските производи.
Задржување на течности
Симптом на недоволна консумација на протеини е и задржувањето на течности. Тоа се случува поради албумин – протеин во крвта кој помага при одржување на рамнотежа на течностите. Кога на организмот му недостига албумин, течноста се задржува во екстремитетите, обично во стапалата. Иако задржувањето на течностите се случува ретко и во екстремни ситуации – најчесто кога се внесуваат доволно калории, но не и доволно протеини.
Ноктите стануваат кршливи
Организмот е доволно паметен да не троши енергија на таканаречени неважни процеси. Кога не земате доволно протеини и калории, организмот ќе страда, а тоа значи дека ќе бидат запоставени ноктите и косата. Тоа има врска и со кератинот, структурен протеин на косата, кожата и ноктите. Организмот тогаш не може да консумира кератин, а високо протеинската храна помага токму за производство на кератин.