Сведок се онесвести додека сведочеше во случајот кај Смилковски езеро

Сведок се онесвести додека сведочеше во случајот кај Смилковски езеро

Сведокот Ахмед Бекир, еден од рибарите кој се нашол на местото на петкратното убиство кај Смилковското Езеро на денешното рочиште се онесвести во судница на сред сведочење.

Бекир прво одговараше на прашања од судот за тоа што го видел и чул на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро. Во своето сведочење пред судот тој раскажа дека со уште неколку лица ловеле риба и дека ги виделе момчињата кои им побарале храна, бидејќи и тие биле дојдени на риболов. По ова момчињата заминале, а следен пат сведокот рече дека ги виделе четворица легнати на стомак кај Езерото кога заминувале од местото.

Сведокот прво рече дека освен четирите момчиња на местото не виделе никој друг, а потоа се присети дека виделе уште еден човек кој им рекол: „бегајте од тука, пи*ка ви материна, да не ве убиеме“. На детали околу тоа со каква марка автомобил дошле момчињата, каква облека носеле, како и за временскиот период кога го виделе лицето кое има кажало да заминат од местото, сведокот не се сеќаваше. Тој пред судот рече дека чул само еден истрел, по што со неговите другари се уплашиле и тргнале да си одат дома.

По испрашувањето од судијата, прашања на сведокот му поставуваше обвинителката Фатиме Фетаи. Сведокот имал проблеми со слухот, па откако судот ги предупреди обвинителите дека не слуша добро, обвинителката Фетаи стана од своето место и застана на околу еден метар оддалеченост од сведокот. Додека го испрашуваше и откако тој одговори само на неколку нејзини прашања, сведокот падна на подот на сред сведочење и се онесвести. По ова судијата даде пауза по што беше повикана Брза помош која во моментов е во Кривичниот суд.

Треба да знаете
Последни објави