Македонија продава струја и заработува од зголеменото сопствено производство на електрична енергија. Тоа е резултат од успешно, домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ и новото раководство на АД ЕЛЕМ, изјави денеска Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
Додаде дека од почетокот на годинава на три аукции продадени се 170.160 мегават-часа, со приход од над 8,7 милиони евра.
„За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени, ниту продадени вишоци електрична енергија. Во 2016 година, пак, продадени биле само 16.000 мегават-часа, што е 10 пати помалку. Ова е периодот кога со АД ЕЛЕМ раководеше поранешниот советник на Никола Груевски и сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, посочи Костадинов.
На крајот тој констатира дека споредбата со времето кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеле со ЕЛЕМ, како Христијан Мицкоски, покажува дека од држава зависна од увоз на електрична енергија, денес Македонија продава вишоци електрична енергија.