Има клаузула од 100 милиони евра, а речиси никој не го знае неговото име

Од Барселона минатата година одлучија да им понудат продолжување на договорот на играчите од Ла Масија, а некои беа наградени и со професионални договори.

Од Каталонскиот тим пристигна потврда дека младиот Рикард Пуиг потпишал тригодишен договор со Барселона и дека тоа е наградата за неговите одлични настапи за Ла Масија. Пуиг ги предводеше јуниорите на Барселона минатата сезона до титулата во младинската Лига на шампиони, па пристигна и договорот за него.

18-годишниот фудбалер потпиша тригодишен договор со Барселона, со можност за продолжување на соработката на дополнителни две години.

Сепак, најмногу изненадува тоа што од Барселона одлучија да стават вртоглава откупна клаузула во неговиот договор вредна 100 милиони евра, со цел да избегнат да го „испуштат“ фудбалерот за мали пари во иднина.

Треба да знаете
Последни објави