Република Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет
„Република Северна Македонија“ (Republic of North Macedonia на англиски) за севкупна употреба е новото име кое е договорено од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, пренесуваат грчките медиуми. Според радиото „Њуз24/7“, пренесени од провладината „Ефемерида“, двајцата премиери ги договориле и одредниците за „македонски јазик“ и „македонски државјанин“, а во македонскиот устав нема да има референци за заштита на македонските малцинства надвор од границите.
Во договорот, македонскиот јазик е признат, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека јазикот е со словенско потекло. За националноста, ќе стои терминот „македонска/граѓанин на Република Северна Македонија“, исто така, со забелешка дека граѓаните на земјата не се поврзани со античка Македонија.