Ципрас: Договорот е голема историска и дипломатска победа
16:30 часот, заврши и решавачкиот телефонски разговор помеѓу премиерите Заев и Ципрас.
Историската одлука дека договор е постигнат прв ја објави грчкиот премиер Алексис Ципрас уште пред средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. На средбата Ципрас му нагласил на претседателот дека македонската страна прифатила ерга омнес и уставни измени.
„Сакам да ви соопштам добра вест. Доаѓам со договор што го постигнав со премиерот на ПЈР Македонија за работите кои што не оптоваруваа и поради кои со години бевме загрижени. Имаме договор, имаме сложено име со географска одредница за сите намени. Нашите соседи ја преземаа обврската за уставна ревизија која предвидува промена на нивното уставно име“, ќе каже Ципрас.
И грчкиот претседател го оцени договорот како добар, особено поради фактот дека црвените линии на Атина биле прифатени.
Веднаш по средбата со Павлопулос, Ципрас започна циклус телефонски разговори со лидерите на политичките партии. Грчкиот премиер од претседателот на парламентот ќе побара да закаже расправа за постигнатиот договор.
И додека во Скопје траеше прес конференцијата на македонскиот премиер Заев, и неговиот грчки колега излезе на прес пред домашната јавност.
„Нашите северни соседи се согласија да го променат нивното уставно име за севкупна употреба. Се согласија да го променат името на својата земја во Република Северна Македонија. Со договорот постои јасно оделување помеѓу грчката Македоипрас нагласи нија и нашите северни соседи, и дефинитивен крај на иредентизмот во нивниот актуелно уставно име“.
„Длабоко сум убеден дека овој договор е голема дипломатска победа, но иста така голема историска можност. Грчката влада ги одбрани во целост нашите црвени линии, сите црвени линии на нашата национална позиција во изминатите 20 години“.
„Со овој договор нашата татковина се консолидира како водечка сила на Балканот и како вистински столб на еден длабоко ранет регион“, кажа Ципрас.
Ципрас нагласи дека Скопје ќе го избрише делот од уставот каде се наведува грижа за македонските малцинства, и дека доколку уставната ревизија не се случи, тогаш повикот за челнство во НАТО автоматски би бил повлечен, а пристапните преговори со ЕУ,никогаш не би ни стартувале.