Најстарата мачка на светот наполни 30 години

Откако го прослави 30-тиот роденден, мачката Рабл стана вистинска ѕвезда на интернет, а веројатно станува збор и за најстарата мачка не само во Велика Британија, туку и во целиот свет воопшто.

 

Сопственичката на оваа мачка, Мишел Фостер, вели дека мачката Рабл ја купила во мај 1988 година за својот 20 роденден – и од тогаш тие се најдобри пријатели.

Мишел верува дека тајната на нејзината долговечност е тоа што таа нема свои деца, па Рабл постојано го добива нејзиното внимание и нега.

Тој е прекрасен мачор, иако со годините стана малку нервозен, вели сопственичката и додава дека и понатаму има живост во него.

Благодарение на друштвото, три персиски мачки кои Мишел ги чува во домот, Рабл е сѐ уште разигран и тешко кој може да поверува дека има 30 години.

Рабл неодамна имаше вистинска роденденска забава, која е организирана кај локален ветеринар, а поради својот голем ден, тој ја доби најдобрата храна за мачки и бесплатен преглед.

 

Треба да знаете
Последни објави