Столтенберг: Историското решение за името го отвора патот на Македонија кон НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и повика тој да се финализира.
Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на двајцата лидери да решат спор кој предолго го засега целиот регион. Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан, вели Столтенберг.