Заврши средбата Заев – Мицкоски за пет минути. Средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одржа во Владата.
Темата на средбата беше договорот за решение на спорот со името, кој вчера телефонски го договорија Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Претходно Мицкоски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, откако на прес-конференција побара итни средби со Иванов и Заев поради, како што рече, „капитулантскиот договор со Грција“.
Тој рече дека од Заев ќе побара да му биде написмено доставено што договорил со Ципрас.