Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи смета дека Жоао Кансело и Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе пристигнат во Торино ова лето.
И двајцата се поврзуваат со трансфер во Торино, а за да ги обезбедат нивните услуги од Јувентус ќе треба да платат значителна сума на пари.
– За Кансело ситуацијата е следна: Тој сака да дојде во Јуве, Јуве го сака него, па договорот е блиску. Милинковиќ Савиќ? Преговорите со Лацио веќе се во тек. И тој исто така сака да дојде во Јувентус – коментираше Моџи.