Сообраќајка на автопатот Демир Капија-Смоквица, едно лице повредено
Сообраќајна незгода се случила на автопатот Демир Капија-Смоквица при што е повредено едно лице.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за МИА потврди дека имало сообраќајка во која учествувало едно возило со гевгелиски таблички. На повреди се пожалил возачот на возилото.
Во моментот се врши увид на местото на несреќата од страна на екипи на полицијата.